Завршија XXVIII Средби на извидници

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од
Велес по дваесет и осми пат ги организираше  традиционални средби на извидници. Средбите беа од меѓународен  карактер и се одржаа во периодот од 7 до 9 септември во атарот  на село Извор, Општина Чашка. Извидниците се натпреваруваа во областа на  топографија и ориентацијата во непознат  терен, сигнализација, прва помош  исхрана во природа. Овие Средби беа дел од Глобалната програма  за прослава на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ под  мотото 60 годни извидници – 60 години млади !!! На средбите учество  земаа извидници од Република Македонија и Република Србија.  28те  Средби  се организираа со финасиска поддршка од Општина  Велес и Општина Чашка.

Во рамките на натпреварувачкиот дел први  беа извидниците од ИПО “Јадран“ од Скопје, втори беа извидниците извидниците  од “Башкими“ од Зајас а трети извидниците од извидничкиот одред “Гоце Делчев“  од Св. Николе.  Овие  средби беа  вклопени во спортските активности  (логорување, спортска ориентација) за Општина Чашка во рамките на деновите  на спортот кои го промовираше  Владата на РМ по повод 8 Септември – денот на  државноста, покрај ова средби беа дел од проектот на нашиот одред со програмските  активности на Свеската скаутска програма Messenger For Peaces. Покрај извидниците  учесници на средбите со една патрола учетсво земаа припадниците на Воената полиција  при Генераштабот на АРМ.  Логорот на средбите се организираше во имотот на приватното  претпријатието “Каме комерц“.

                                  

 

                                   

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.