Успешно реализирани XXX Средби на извидници Велес 2016

sredbi3Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес во периодот од 15-17.4.2015 год. ги организираше XXX јубилејните традиционалните меѓународни Средби на извидници Велес 2016. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци и истите беа од меѓународен карактер. Со оваа извидничка активност започнуваме да го одбележуваме 65 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија.
На Средбите учество земаа 80 извидници од Прилеп, Кичево, Скопје, Ниш – Република Србија и извидниците на одредот органнизатор. Сите извидници се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација.
Првото место на XXX јубилејните традиционалните Средби на извидници Велес 2016 им припадна на извидниците од извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија , а додека пак второто и третото место им припадна на извидниците од ИО “Феникс“ од Прилеп. За прв пат беше доделена и извидничка награда за “извиднички фер плеј и истрајност“, а тоа го доби ИО “Мирко Милески од Кичево, а воедно беа и доделени поединечни награди за најдобро изработени графички материјали.
Во рамките на XXX јубилејните традиционалните Средби на извидници Велес 2016 на 16.4.2016 год. (сабота) беше организирана и средба на неколку генерации извидници ветерани кои беа вклучени во ораганизацијата на досегашните триесет средби кои се организраа на терените на Велес, спортско-рекреативниот локалитет езеро Младост, локалитетот Манастир Св. Илија, село Извор и извидничкиот центар Голозинци.
Како Старешинство на одредот изразуваме жалење што на овие средби не се појавија голем број на одреди од Република Македонија, а воедно и раководството и канцеларијата на СИМ и тоа во време кога имаме голем подем на извидништвото во нашата држава со што ќе успеевме само повеќе и појако да се преставиме пред македонската јавност.

sredbi4.

sredbi1

sredbi2

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.