На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со почеток во 8:30 часот, XXVI Вардарска регата во чест на солунските атентатори повторно ќе плови до Солун. Со положување на свежо цвеќе на споменикот посветен на нив кај Мало мовче ќе отпочне овогодинешното патешествие на околу 60 учесници на регатата, предводени од Извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Следејќи го патот на Гемиџиите и оваа година оддаваме почит на каузата со која се арчеа за Македонија!

