XXIV Вардарска регата “Гемиџии 2024“ заврши во Солун

Во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ во пшериодот од 20 до 25 јуни педесетина уесници на Вардарската регата, 24 по ред, заполовија во Вардар. Но наместо до Гевгелија, која беше последната станица, тие тргнаа за Солун, Репубика Грција. Ќе пловат шест дена до 25 јуни.  Во Македонија се ноќеваше во Криволак, Демир Капија и Марвинци а во Грција во  Евзони-Поликастро, Акропотамис и во Солун.  Највозрасниот уечсник е Владо Стојановски, кој  пловел по сите досега одржани 24 регати. Тоа што си го посакуваа, копнееја да стигнат до Солун, годинава треба се случи.

„Досега 23 пати пловевме до Гевгелија, сега за прв пат до Солун. Се остварува нашата најголема желба и мојата лично, како кајакар,  како тренер да влезам во Егејското море преку Вардар. Мислам дека тоа ќе биде најголемото мое доживување во животот, исполнување на мојот сон. Го чекам овој момент 43 години да влезам во Егеј. Ја продолжуваме традицијата на велешките Гемиџии, на трговците кои од Велес пловеле до Солун и ја носеле нивната стока за продажба, до бродовите.  Вардар има 388 км, тие последните 80 км. За прв пат ќе го почувстуваме тој момент. Очекувам дека нема да има проблеми при патувањето“ – кажа Стојановски, кој не можеше да ја сокрие возбудата што го носи ова сплаварење и со треперлив глас ги раскажуваше неговите чувства.

Како најголем проблем тој ја посочи високата температура, поради што најави дека  секојдневите 8-9 часа веслање по Вардар ќе ги започнуваат уште рано наутро, но и нискиот водостој на реката Вардар. Но добиле ветување од  хидроцентралите да пуштат одредено количество вода. „Секојднево ќе пловиме по 35 км од етапа. Но поради нискиот водостој тоа ќе биде бавно, но очекувам дека сите ќе издржиме до крај“ – додаде Стојановски. Помош за реализација на Вардарската регата, организаторот велешкиот извиднички одред „Димирар Влахов“, ја има од колегите, грчки извидници од Солун.  

„Се оствари сонот на многу генерации велешки гемиџии и годинава ќе пловиме до Солун.  Во целост ќе пловиме како велешките Гемиџии, кои во 19 век стоката со гемии ја дистрибуирале нивната стока до Солун.  Последниот ден од пловидбата треба да влеземе во делтата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколку  пати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата  и во оваа делта каде Вардар се дели на 8 краци, водостојот е многу низок,  ќе имаме помош од грчките рибари, да пловиме по вистинската патека. Треба да стасаме до Солунското пристаниште. Ќе биде тешко по делтата на Вардар оти е  заштитена зона и не може да се користи возило, ако заглавиме тие 4 до 6 км  мораме да ги извесламе, нема помош од механизација и возила“ – кажа Ангелче Гушев, капетан  „Вардарската регата 2024“.  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.