XXIII Вардарска регата “Гемиџии 2023“

На 23 јуни 2023 год. (петок) во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во претпладневните часови по 23 пат запловија учесниците на “Вардарската регата“. Годинава 50 лица пловеа на седум чамци. Се веслаше во три дена и три етапи, а крајната цел е Удово. Првата етапа беше базата на НАТО камп ЗИМА 1, втората беше до Демир Капија и третата етапа до Удово.

„И покрај високиот водостој , пловењето по Вардар е безбедно, имавме и проверка на дел од патеката по реката. Имаме голема брзина на движење од 8 до 9 км/ ч што е брзо движење. Притоките Тополка, Бабун,а Брегалница и Црна имаат голем дотек на вода. Оваа регата треба да биде бренд како Шарпланински куп, Галичка свадба. Целта на регатата е културно поврзување на општините кои се по течението ан реката, промоција на Вардар и сигнализација на еколошките проблеми кои се јавуваат по течението на реката“ – кажа Ангелче Гушев организатор на регатата. Годинава ќе се плови без гемијата, бидејќи нивото на Вардар е големо.

Во регата вклучени се ИО Димитар Влахов, ветерани учесници на регатите во нејзини почетоци, пожарникарите, членови на ОО на Црвен крст Велес, кајакари. Годинава има и двајца гости од Брчко БиХ, кои имаат учество на регата во Шабац на Сава. Така таа има меѓународен карактер. По неколку години има и една девојка, велешанка, Војневска Марија. Учесник на сите 23 регати е Владо Стојановски.

„Почнавме без ниту денар поддршка, но ја имавме од тогаш многуте моќни велешки фирми. Целта беше луѓето да се запознаат со Вардар и какви убавини реката крие. Пловењето е големо задоволство“ – рече Стојановски.

Вардарската регата е финансиски помогната од Општина Велес. Пред тргнувањето градоначалникот Марко Колев по традиција фрли венец во чест на споменот на велешките Гемиџии, Солунските атентатори. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ зема учество со 20 свои членови на оваа регата.

Претставниците на Савска регата – Брчко Босна и Херцеговина

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.