Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, веќе втора година по ред го помага организирањето на црковната славата по повод православниот празник “Св.Илија“ во истоимениот возобновен манастир во село Војница, во општина Чашка. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на организаторите и кумови на славата во целост им остапува инвентар и прибор за подготовка на храна кои се користат за сите кои доаѓаат да го посетат споменатиот манастир на овој голем македонски верски и национален празник.