По четири дена пловење од 27 до 30 јуни , поминати околу 150 километри оживеана е традицијата на стариот начин на трговија меѓу Велес и Солун . Учесници на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија. Главниот сплавар објави , мисијата заврши, симболично се спои минатото со сегашноста „ Имаме одлична соработка со колегите градоначалници по текот на реката Вардар“, рече Славчо Чадиев градоначалник на Велес „Мене ми е посебно драго што ја има приликата повторно да ги пречекам нашите драги колеги Гемиџии од Велес “, рече Илија Франгов, градоначалник на Гевгелија. Осумдесете учесничи во пловните објекти годинава немаа проблем со водостојот на реката Вардар но затоа пак за првпат се соочија со силниот ветар и несреките во кои два чамци беа оштетени.
„Дел од посадата пропадна во водата дел останаа, но сепак продолживме и еве стасавме во гевгелија. Ретко кој би продолжил да плови со чамец каков што беше нешиот, без средната главна комора“ учесници на Вардарската регата„Гемиџии“ Историјата за славните трговци но и храбрите велешки гемиџии треба да се раскажува на идните генерации, со тој мотив на оваа регата пловеше деведесетгодишниот Никола Стојанов. „Имавме многу убави моменти а јасно се знае ваква малку дива река имаше и малку некој не незгоди туку да речеме пречки кои треба да се поминат “, рече др. Стојанов. Регатата исто како и лани целта ја имаше во Гевгелија . Организаторите за догодина најавуваат учесниците да не бидат само од Велес, туку и од Општините по течението на реката Вардар, а целта посакуваат да биде некаде пред Солун. Аактивностите на регатата беа искористени и за спроведување на програмските активности во рамките на проектот Месинџер фор пис.
Во рамките на учесниците на регатата беа и десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“- Велес и тоа: Ангелче Гушев, Златко Ристов, Благој Ѓорчевски, Мартин Јошевски, Бојан Миклош, Тоше Василевски, Стефан Алексовски, Зоран Пановски, Александар Љутков, Ване Сарагиновски.
На оваа регата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ гости на регатата беа и преставниците на батаљонот на ВОЕНА ПОЛИЦИЈА МО и ГШ на АРМ со шест преставници.
Членовите на нашиот одред беа задолжени за организацијата на живото во сите четири дена (исхрана, сместување) , а до дека пак старешината на одредот Ангфелче Гушев беше задоплжен и одговорен за цлокупната четиридневна пловидба. Тој беспрекорно ја предводеше регата во сите четири дена.
Повеќе слики на: https://www.facebook.com/angelce.gusev/media_set?set=a.10200825888142915.1073741836.1035041191&type=1