Велешките извидници на АГОРА во Охрид

Во периодот од 7 до 9 јуни оваа година во Извидничкиот центар во Охрид, а во организација на Сојузот на Извидници, беше одржан  семинар за застапување во рамките проектот АГОРА, а поддржан од  Институтот Отворено Општество и поддржан и спонзориран  од USAID.Учесници на овој семинар во рамките на проектот беа извидници и членови на други невладини организации. Од извидничкиот одред “Димитар Влахов” – Велес учество  земаа девет извидници и тоа:  Стефан Алексовски, Мартин Јошевски, Елена Мејанџиева,  Ангел Радевски, Фатиме Абдулова, Мартин Јовев, Слободанска  Арсовска, Бојан Миклош и Влатко Влахчев.  Овие три дена поминаа во учење и обука во  кое сите беа заинтересирани, изработување проекти произлезени  од потребите на младите и тимска работа во која секој беше  активно вклучен и придонесуваше за својот тим, нормално сето  ова беше проследено со добра дружба и забава. Овој семинар  беше последен од низата на семинари кои се одржаа во Катлановска Брезица, Струга, Свети Николе, Куманово,  Струмица, Крива Паланка и Охрид.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.