Велес е во опасност, ни треба помош !!!

Зелената коалица на 2.11.2011 год.(среда) во просториите на Фондацијата  “Фокус“ се одржа ПРЕС конференција, на која што се соопштија  сите детали околу организираниот еколошки протест.  Протестот ќе се одржи на 9.11.2011 год. (среда) со почеток во 17.00 часот. Маршутата на движење ќе започне од плоштад Сармаале, потоа се упатуваме кон Пошта, Гимназија, ЕВН, Семафори, Општинско Собрание, Топилница. На прес конференцијата беа соопштени и поддршките кои доагаат од страна на Пензионерите од Велес, Студенските организации, НВОи од Скопје, Струмица,  Прилеп.Беше истакната големата благодарност кон Велешкиот бизнис сектор кој што безрезервно дава поддршка на Зелената коалиција. На крај од ПРЕС конференцијата Ангелче Гушев го прочита писмото до Претседателота на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, Претседателот  на Влада на РМ , г-дин Никола Груевски и Претседателот на Собрание на РМ, г-дин Трајко Вељановски. Писмото го содржи следниот  текст “… Велес е во опасност, ни треба помош“. Писмото им е испратено по пошта.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.