Стратешко планирање за развој на СИМ

Во периодот од 14 до 17 март 2104 година во ”Извиднички Центар Охрид”  во организација на Сојузот на извидници на Македонија се одржа работилница за Стратешко Планирање на која се изработуваше стратегијата за работа, раст и развој на Сојузот на извидници на Македонија. Низ четирите дена извидниците безрезервно даваа  идеи, мислења, совети за работа, правеа анализи со цел подобрување на положбата на Сојузот. Ја споредија сегашната и поранешната состојба, ги увидоа своите недостатоци и направија план како во иднина да се подобри извидништвото во Македонија. Во текот на овој настан беа предложени низа на активности кои се групираа во неколку теми. Темите на кои највеќе се посвети внимание кои во суштина се издвоија како клучни за понатамошниот развој беа: Обука, Активности, Развој,  Маркетинг. Во текот на наредните шест месеци сите одреди во Македонија ќе ја добијат конечната верзија на програмата за работа за понатамошните 6 години, која ветува подобрен развој, пообучен  кадар и побогата програма за активности. Членовите на нашиот одред кои земаа учество на овој настан се Алексовски, Јане Јанков и Бојан Миклош.

 

Бојан Миклош

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.