Градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров, преставници на Одборот за спас од Топилницата и членови на Зелената коалиција на 30.10.2011 год. (недела) беа примени од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаким Адеми. На средбата престгавниците од Велес го запознаа Министерот Адеми за еколошките состојби од 35 годишното работење на Топилницата и сите последици кои следеа од нејзината активност и со актуелната состојба околу рестартирање на Топилницата во Велес од страна на фирмата „Метрудхем“ и проблемите со кои ке се соочуваат велешани од нејзината работа. На оваа средба Министерот Адеми, соопшти и ги запозна сите присутни дека нема издадено одобрение за започнување со работа на Топилницата во Велес, туку од страна на инвеститорот било доставено писмо со намери за целта на компанијата. Воедно Министерот изрази заложба за решавање на проблемот, образложувајќи ги надлежностите на министерството за животна средина во делот на постапката за оценка на влијанието врз животната средина која треба да ја спроведе министерството со засегнатите страни. На оваа средба како дел од градската делегација беше и старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, проф. Ангелче Гушев.