Средба со Претседателот на Република Македонија

Во рамките на акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ на  22.11.2011 (вторник) во Градскиот парк во Велес, Зелената коалиција имаше  средба со Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов. Претседателот на државата во Велес беше заедно со својата сопруга и син кои што воедно засадија дрва во Градскиот парк и го одбележаа почетокот на акцијата во Општина Велес. Зелената коалиција имаше и директна средба на која што беше изразено големото задоволство од поддршката која што беше изразена од страна на Претседателот на РМ пред почетокот на Еколошкото востание на 9.11.2011 год. во Велес. г-нот Иванов истакна дека целосно ќе застане на страната  на здравјето на 55.000 граѓани на Велес и дека од тоа нема ништо поважно.  Во рамките на разговорите со Претседателот на Македонија беше присутен и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, Ангелче Гушев.

                    

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.