На 20.9.2012 год. (четврток) во посета на Општина Велес беше Н.Е г-нот Ричард Ховит, член на Европскиот Парламент и известувач за Република Македонија при Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, потоа г -дин Алесандро Фракасети, заменик постојан преставник на УНДП во Република Македонија и Тони Поповски , Координатор за децентрализација и локални иницијативи за развој, УНДП-сектор за добро управување. Господинот Ховит имаше средба со Градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров, а потоа и со претставници од граѓанскиот сектор , невладини организации ,членовите на совет и приватниот бизнис сектор. На средбата воведно обраќање на имаше Градоначалникот Горан Петров, потоа преставниокот на УНДП, Алесандро Фракасети и на крај на г-дин Ричард Ховит. Како преставник на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беше старешината на одредот Ангелче Гушев.
Во рамките на средбата од страна на Општина Велес беше изработена и преставена презентација за целокупното работење и делување на администрацијата на Општина Велес, се со цел да може што подобро се запознае г-нот Ховит за децентрализацијата која што е сторена во нашата Општина, а воедно и да се преставиме како европски модел на општина. Во делот на прашањата и одговорите на г-нот Ховит му беа поставени голем број на прашања во делот на претпристапните фондови на Европската унија, потоа за помошта на Европската унија во решавањето на проблемот со Топилницата. „Јас сум убеден дека оваа посета на господинот Ховит ќе биде само дел од мозаикот со кој што ќе може да се запознае со состојбите во земјава, со сето она што значи актуелен процес во работењето на општините и мислам дека општина Велес е еден од поуспешните примери во процесот на децентрализација пред се во областа на меѓународната соработка, рече Горан Петров, градоначалник на Велес. Ховит е импресиониран од обидите што општината ги прави за отворање на нови работни места, за привлекување на инвеститори и за успешната соработка со другите градови. Според него општина Велес е првата општина која соработува со мегународни организации. „Општината соработува со УНДП и на тој начин го подготвува патот кон евроинтеграциите, соработува и со други градови од земјите членки на ЕУ кои што верувам дека секако е многу важно за процесот на пристапување кон ЕУ“, рече Ричард Ховит. Ховит, истакна дека на општина Велес ќе и даде целосна поддршка во процесот на децентрализација се со цел поголем просперитет на нејзините граѓани. Покрај големиот број на одговори г-нот Ричард Ховит се наврати на фактот дека постоењето на скаутската организација во град Велес е знак на обединување и на заедништво и дека скаутската организација е организација која што знае што работи и знае како да ги проектира активностите наменети за младите и локалната заедница. Скаутската организација е асоцијација која што помага во развојот на младите и заедницата во исполнување на нивното слободно време, односно го промовира неформалното образование.