Врз основа на Одлуката на Собранието на СИМ од 17. 04. 2011 година за донесување на нов Статут на Сојуз на извидници на Македонија и Одлуката на Старешинството на СИМ за свикување на седница на Собранието на СИМ од 10.12.2012 година, на 21.1.2012 год. (сабота) беше одржана седница на Собранието на Сојуз на извидици на Македонија со следниот дневен ред.
– Усвојување на Деловник за работа на Собранието на СИМ
– Избор на записничар и оверувачи на Записникот
– Расправа и усвојување по предложените амандмани на Статутот на СИМ
– Усвојување на нов текст на Статут на СИМ
– Одлука за прогласување на Статут на СИМ
Седницата на Собранието ќе се одржа во салата на Хуманитарниот Дом „Даре Џамбаз“ Скопје. Собранието ги усвои сите предложени амадмани, со што СИМ има нов Статут. Делегацијата на извиднички одред Димитар Влахов од Велес, на ова Собрание ја сочинуваа: Ангелче Гушев, старешина на одредот, Благој Ѓорчевски, началник на одред, Мартин Јошевски, водач на патрола при одредот и Димче Велев како старешина на на СИМ.