Седница на Старешинството на СИМ во Велес

Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија на 27.3.2014 год. (четврток) во Домот на НВОи во Велес одржа редовна седница на која што беа разгледани големиот број на проектни активности кои се во тек и кои ќе следат, а се поврзани со програмата на Месинџер фор Пис, а имаат за цел да го осовременат извидништвото во Македонија. На оваа седница беа разгледани и состојбите со извидничкиот центар во Охрид, вложувањата во него и тековните активности поврзани со него. Исто така беа разгледани и учествата на македонските извидници на меѓународните извиднички смотри кои треба да се реализираат оваа година во периодот јули – август. На оваа седница старешинството на СИМ потврди дека 31.март е последен ден за регистрација на одредите во СИМ и запазување на обврските кои се предвидени според правилникот за регистрација во СИМ.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.