Работна средба во УНДП

УНДП го објави повикот за проекти  наменети за  Младинското социјално претприемништво во рамките на програмата за поддршка: Младите како агенти за развој на заедницата.  Со овој проект се обезбедуваат средства за поддршка на партнерства помеѓу граѓанските организации кои работат со млади луѓе, локални самоуправи и приватниот сектор за создавање на социјални претпријатија во насока на успешна испорака на социјални услуги преку ангажирање на младите на локално ниво. Програмата за поддршка ќе се фокусира на идеи во насока на изнаоѓање на иновативни пристапи за подобрување на состојбата на младите на локално ниво, преку нивниот ангажмани во обезбедувањето на социјални услуги и создавање на младински можности за вработување. Предложените идеи треба да претставуваат модели за партнерство со локалната самоуправа и приватниот сектор. На консултативната средба  се одржа на јули 18 2013 год. (четврток) во  канцеларија  на  УНДП во Скопје учество зема старешината на одредот Ангелче Гушев заедно со одговорниот за Локален Економски развој на Општина Чашка, Лидија Пљакова.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.