На 17.3.2014 (недела) делегација од извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес беше во посета на новоформираниот извидничкиот одред „“Пионер“ од Охрид. На оваа средба извидниците взаемно се запознаа со програмите на двата одреди и создадоа поволна клима за понатамошна соработка. Извидниците од Велес пренесоа дел од своите искуства, совети и начини на работа се со цел одредот да се развие на вистински начин. Во знак на поддршка во работата, извидниците од Охрид добија материјали за работа и обука во вид на извидничка литература, прирачници и мултимедијални архиви. Делегацијата од извиднички одред “Димитар Влахов” ја сочинуваа Стефан Алексовски, Јане Јанков и Бојан Миклош. Се надеваме на понатамошна соработка и посакуваме брз и квалитетен развој!
Бојан Миклош.