По повод 22 февруари Светскиот ден на извидништвото, на локалното радио 5 ФМ во Велес на 107,1 настап имаше Ангелче Гушев , старешина на извиднички одред “Димитар Влахов“, кои што во рамките на триесет минутниот разговор ги претстави следните активности:
– за хронологијата на светското извидништвото од самиот почеток во 1907,
– за основачот на извидничкото движење сер Робер Баден Пауел и неговата сопруга Олив Баден Пауел
– за новиот прирачник “Логорување“
– за 27 Средби на извидници Велес 2012
– за нашето одредско учество на 8 Смотра на СИС ВО Шабац – Република Србија
– за учеството на извидниците на Ровејвеј – Финска 2012
– за наредните тековни активности во 2012 година организирани од страна на одредите од Македонија и надвор од неа
– одредска програма за прослава и забава по повод 22 февруари
– програма на СИМ за прослава по повод 22 февруари
– проектни активности кои следуваат за реализација од страна на нашиот одред
– одредска забава за членството
Покрај радискиот настап старешината на одредот имаше и изјава со ТВ прилог за локалната телевизија Здравкин
Среќен Роденден Баден Пауел !!!