На 22.2.2014 год. (сабота) во рамките на прославата на Светскиот ден на извидништвото, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во просториите на Ликовниот салон ја организираше завршната манифестација по повод 60 години извиднишво во Велес. На самата манифестација имаше преставување за основачот на светкиот скаутизам Сер Роберт Баден Пауел. Потоа се престави целокупната шеесет годишна работа на одредот и визијата за преминот во седмата деценија на работење на одредот. На оваа манифестација беше промовирана и првата градска извидничка химна “Над Велес знаме се вее“ . Химната беше креирана врз музиката на Маршот на 8ма велешка бригада која што Велешани ја знаат по почетокот на програмата на Радио Велес. Текстот го напиша Бојан Миклош член на одредот.
На оваа манифестација беше промовирана и првата градска извидничка химна “Над Велес знаме се вее“ . Химната беше креирана врз музиката на Маршот на 8ма велешка бригада која што Велешани ја знаат по почетокот на програмата на Радио Велес. Текстот го напиша Бојан Миклош член на одредот. Зад проектот градската извидничка химна “Над Велес знаме се вее“ стои една група на луге и институции кои безрезерно дадоа поддршка во создавањето на истата. На најголем празник на извидниците во светот на прослава ја искористивме да им оддадеме и голема благодарност на
1. Општина Велес
2. Сојуз на извидници на Македонија
3. Стојанче Иванов – аранжман и вокална изведба на химната
4. Бојан Миклош – текст на химната
5. Семејството на композиторот на Маршот на 8та Велешка бригада, ќерката на композиторот Иван Николов – Танго, г-га Пандорка Гушева
6. Ненад Микош, Емилија Мурџева и Марија Мијакова – вокална изведба
7. Тонски продуцент – Оливер Тевчев
8. Фотографија – Александра Алексовска
9. Дејан Ристов – Фондација Фокус
и на локалното градско радио Радио 5ФМ за несебичната поддршка при снимањето на извидничката химна. На самиот компакт диск се наоѓа и Химната на Сојуз на извидници на Македонија. Оваа химната е испеана од Емилија и Елена Спасевски на свечената академија по повод 60 години извиднички одред Димитар Влахов одржана на 31.3.2013 год. Како најстара младинска организација во Македонија извидничкиот одред секогаш сака да воведе иновации во работење со што ќе изврши и создавање на јак младински бренд во Велес , а со што и Општината Велес ќе се препознава и гордее. Затоа решивме да создадеме и градска извидничка химна… Додека во изминатите години го слушавме локалното Радио Велес се сеќаваме како започнуваше неговата програма … со Маршот на 8та Велешка бригада, маршот со кој беше ослободен град Велес. Градот се гордееше со интонирањето на тој марш напишан од основачот на нижото музичко училиште нашиот сограѓанин , г-дин Иван Николов – Танго … на истата музика ја создадовме и градската извидничка химна “Над Велес знаме се вее“….изјави Ангелче Гушев старешина на одредот.