На покана на веќе стариот Градоначалник на Општина Велес, г-дин Горан Петров делагација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ составена од Ангелче Гушев и Тоше Василевски, зема учество на примопредавањето на функцијата Градоначалник. Превземањето на функцијата Градоначалник на Велес од страна на м-р Славчо Чадиев се одржа на 19.4.2013 год.(петок) во големата сала на Општина Велес. За нас извидниците од Велес е голема гордост што во основните податоци на новиот Градоначалник на Велес е напишано следното:Славчо Чадиев е роден е 1959 година во Велес, Република Македонија.Оженет и татко на две деца .Сопругата Весна Чадиева е доктор по паталошка анатомија , вработена во ЈЗУ Општа болница во Велес . Ќерката Билјана е доктор по општа медицина, а синот Александар е средношколец. Негово хоби e риболовот, а претходно се занимавал со карате и извидништво.Старешинството на одредот на Градоначалникот м-р Славчо Чадиев му посакува успех во менаџирањето на Општина Велес, а воедно основните три извиднички принци: обврска кон себе, обврска кон другите и обврска кон бога му бидат водилка во неговата работа.