За новите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес кои доаѓаат од ООУ “Васил Главинов“ и ООУ “Св.Кирил и Методиј“ на 2.10.2011 год. (недела) беше организиран еднодневен излет со хајк во месноста Тополка – Четврта воденица. На овој излет учество земаа 30 нови извидници, на кои во целост им беше презентирана младинската програма за работа и тековните активности на одред. Главна активност на овој хајк беше бивак, подготовка на храна, јазли и игри. На овој беа формирани четири патроли кои се предводени од: Благој Горчевски, Бојан Миклош, Душица Здравевска и Мартин Јошевски. Во наредниот период ке се продолжи со уписи на нови членови во преостанатите основни и средни училишта во Велес.