На 7.11.2012 год., Ангелче Гушев старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес и Димитар Јорданов член на старешинството на одредот земаа учество во утринската програма на СИТЕЛ ТВ. Во рамките на телевизиското преставување беше преставена програмата за одбележувањето на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, потоа беше преставено и започнувањето на работата на нашиот одред уште од далечната 1948 година, преку регистрирањето на одредот во 1952, неговите активности до денес. На денешното телевизиско преставување беше преставен и почетокот на снимањето на документарната репортажа “60 години извидништво во Велес“ и официјланата химна на одредот.