На 23.11.2012 год. (петок), Ангелче Гушев старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес земаа учество во утринската програма на локаланата ТВ Канал 21. Во рамките на телевизиското преставување беше преставена програмата за одбележувањето на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, потоа беше преставено и започнувањето на работата на нашиот одред уште од далечната 1948 година, преку регистрирањето на одредот во 1952, неговите активности до денес. На денешното телевизиско преставување беа преставени и сите активности кои се реализираа во оваа тековна 2012 година, потоа беше преставен и почетокот на снимањето на документарната репортажа “60 години извидништво во Велес“ и официјланата химна на одредот.