На 14.1.2013 год. (понеделник), старешината на СИМ г-дин Огнен Стефановски, генералниот секретар г-дин Горан Ѓоргиев, Филип Уневски и Снежана Јанковиќ, волонтери во канцеларијата СИМ, го посетија извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. На средбата се на која што беа присутни старешината и дел од старешинството и Советот на водачи при извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, разговараше за понатамошните активности насочени кон зајакнување на капацитетот на Сојуз на извидници на Македонија. Покрај ова беше разговарано за планирањето и реализацијата на 11 Смотра на СИМ која што треба да се одржи во Скребатно – Охридско во периодот од 20-28 јули оваа година, потоа за проектот АГОРА и тековни активности кои следат како што е 22 фебруари Светскиот ден на скаутизмот, РИОН – РАПИ кои ке се одржат во Демир Капија и други тековни активности. Покрај споменатите активности Старешината на СИМ се запозна и целосните состојби во извидничкиот одред “Димитар Влахов“ како кадровски така и материјално-технички кои беа оценети како доста добри и нудат добри услови за развој на извидништвото.