На 7.12.2012 год. (петок) во посета на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беше Директорката на програма и обука при Мировниот корпус- Македонија, г-га Џанин Дорш. На оваа средба директорката во целост се запозна со шеесет годишното постоење на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, потоа со членството, со одредските програмски активности, со генералната поставеност на одредот во рамките на СИМ, Европскиот регион и Светската скаутска организација. Директорката во целост беше запозната и за нашите добри релрелации со локалната власт. На посетата се зборуваше за придовките на одредот од присуството на волонтерот Даниел Поликов и за понатамошните активности и за големување на комуникацијата и ритамот на активности во зимскиот приод со организирање на голем број на работилници преку кои ке се зголеми капацитетот на одредот, а ке се зголеми и квалитетот на програмата.