Агенцијата за млади и спорт донираше пинг понг табли, сетови и пинг понг топчиња за Општина Чашка. Општината зафаќа површина од 825 км² и се вбројува меѓу трите најголеми општини во Македонија со вкупно 42 населени места во кои живеат 7673 жители(според Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија од 2002 година). Односно на возраст од 5 до 14 годишна возраст се 1330 лица. На ниво на општина во учебната 2011/2012 година 1009 ученици го следат образовниот процес во три централни основни училишта и шест подрачни училишта и тоа: ООУ “Тодор Јанев“- Населба Чашка и Мелница ООУ“ Лирија“ – Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Горно Врановци ООУ “Петре Поп Арсов“ – Богомила, Извор, Ореше и Согле.
Имено опремата веќе започна да се поставува во населените места. Дел од нив се поставија во Населба Чашка во ООУ„ Тодор Јанев“ и во затворената сала во Извор. Извидничкиот одред „ Димитар Влахов“ од Велес учествуваше во склопување на пинг понг таблите за Општина Чашка. Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Ангелче Гушев, Мартин Јошевски, Јане Јанков и Иван Гушев оваа акција ја реализираа на 17.7.2013 год. (среда). Со опремата директно се подобрува квалитетот на живот на младите во населените места се со цел да не се почувствуваат одвоени од младите во градовите. Општина Чашка се надева дека и во иднина ќе продолжи соработката со Агенцијата за млади и спорт. Како и дел од проектот за изградба на нови спортски терени во населените места на Општина Чашка. Веруваме дека со заеднички сили на инситуциите на локално и национално ниво директно ќе се придонесе во унапредување на спортскиот дух кај децата кои го следат образовниот процес како и на младите кои живеат во Општина Чашка.
превземено од: www.caska.gov.mk