Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ одликуван со најголемото општинско признание  Спомен Плакета 9ти Ноември

На 9.11.2024 год. (сабота) во големата сала на велешки Театар, се одржа Свечената академија на јубилејниот роденден на градот Велес. Во присуство на бројни гости, годинешното одбележување на јубилејот „80 години слободен Велес“ започна со изведбата на државната и химната на градот Велес од страна на Камерниот црковен хор „Свети Великомаченик Пантелејмон“. Градоначалникот на Велес, Марко Колев во свеченото обраќање ...

Повеќе »

Учество на Форум за Еко туризам

На 9.11.2024 год. (сабота) во хотелот Александар Палас во Скопје трочлена делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски и Жаклина Гушева учествуваа на Форумот за Еко Туризам преку регионални практики. На овој форум се разговараше во две панел дискусии и тоа: Зелени хоризонти: Менување на патувањето преку еко туризмот и Еко Туризам ...

Повеќе »

Почит кон народните херои од НОВ

На 9.11.2024 год. (сабота) – Денот на Општината Велес одредска делагација во состав Јована Јошевска, Марија Стефановска и Иван Гушев во рамките на програмата по повод 80 години од ослободувањето на Велес положија свежо цвеќе пред бистите на народните херои од НОВ во Младинскиот парк и на Спомен костурницата паметник на паднатите борци.

Повеќе »

Есенски едукативен камп

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, остварувајќи ја својата програма за работа во периодот од 1-3.11.2024 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ реализираше едукативен камп со учество на 25 извидници. На кампот се работеше на основите на топографијата и ориентацијата (организиран хајк до Лисиче), потоа на патролната симболика, патролниот дух, патролниот колектив. Беа формирани три нови патроли, со што доаѓа и ...

Повеќе »

Учество на ДИОН 2024

Во периодот од 10 до 13 октомври 2024 год. година во манастирот Свето преображдение во село Буково – битолско, началникот на нашиот одред Иван Гушев беше дел од волонтерите кој го организираа Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2024 година. Тој работеше во натпреварувачкиот дел, во делот на стазата, прва помош  и оценувањето на бивакот. На овогодинешниот ДИОН учество земаа ...

Повеќе »