Општинска стратегија за комуникација

НВО Инфоцентарот и општина Велес го започнаа процесот на подготовка на првата стратегија за комуникација со јавноста на општина Велес и затоа во креирањето на  на стратешкиот комуникациски документ на општина Велес се вклучија и граѓанските асоцијации, меѓу кои и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со двајца преставници. Граѓанскиот сектор е исклучително значајна целна група и јавност за секоја  локална власт.  За таа цел НВО Инфоцентарот, во соработка со Фондацијата Фокус,  на 12 октомври (среда), во просториите на Фокус,  организираше двочасовна дискусија на фокус група составена од претставници  на активните граѓански асоцијации во Велес. На оваа средба  се разговараше за досегашните искуства на граѓанскиот  сектор со локалната власт, за добрите и слабите страни на взаемната  комуникација, како и за можностите и предлозите како таа комуникација да  се унапреди.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.