Шестмина извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, на 2.6.2013 год. (сабота) имаа обука за веслање. Обуката се одржа на езерото Младост (Велешко езеро). Со оваа обука започнуваат новите програмски активности на одредот и тоа активности на вода (веслање на мирни и речни води), а воедно и подготовка за овогодинешната Вардарска регата која ќе се одржи од 27-30.6.2013 год., во организација на Општина Велес и здружението Вардарска регара “Гемиџии“.