Во периодот од 28-30 март 2014 год. во Пробиштип, велешки извидници Алексовски Стефан, Мејанџиева Елена , Абудулова Фатиме од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес присуствуваа на тренинг за пишување на проектни апликации. Настанот се одвиваше во хотелот Сан Нико на кој присуствуваа 25 млади извидници од девет одреда. Учесниците се здобија со вештини за изработка на проектна апликација, се запознаа со методите и вештините за правилно изразување и преку заедничка работа изготвија неколку апликации за младински иницијативни во локалните заедници. Нашите извидници учеа за можностите во врска со еден проект и ја поддржаа програмата “Messenger of peace”, тие подготвија четири проекти кој ќе ги довршат во текот на следниот период. Настанот е дел од проектот „Changing by learning“ кој го спроведува Сојузот на извидници на Македонија, а е подржан од програмата “Messengers of peace” на Светската организација на извидничкото движење (WOSM) и Светската извидничка фондација.