Обука за маркацисти на планинарски патеки

Во организација на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија во периодот од  11 – 13.10.2013 год., во планинарскиот дом “Караџица“ се организираше тридневна обука за маркацисти на планинарск патеки. Во рамките на обуката се обработуваа следните области: потреба и важност и  организација на маркацисти и закон за планинарски патетеки и документација за планинарските патеки. Покрај теоретската обука имаше и практична работа на терен , а тоа беше  техниката за бележењето на планинарски патеки и   грижи за природата на патеката и на планината, тежина и оптовареност на планинарска патеката и алат и средства за заштита на планинарски патеки. Третиот работен ден на овој семинар за маркацисти беше посветен на  практичната  техника на поставување на патеки. На овој семинар на покана на гореспоменатите институции беа поканети и двајца членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес и тоа Ангелче Гушев и Димитар Јорданов.

Покрај нашите одредски преставници од Велес учество земаа преставници од ЕГ “Грин Пауер“, ПД “Металург“ и ПД “Солунска глава“ . Сите споменати здруженија на граѓани ке имаат за цел да формираат, обележат и уредата повеќе од 15 планинарски патеки во Општина Чашка и тоа во местата каде што им се наоѓаат извидничките и планинарските домови.

 

Повеќе фотографии на: https://www.facebook.com/angelce.gusev/media_set?set=a.10201484873617140.1073741852.1035041191&type=1

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.