Tешка со многу предизвици, вака градоначалникот на Велес Горан Петров ја оцени годината која изминува. Вели дека велешани секојдневно се соочени со проблеми но секогаш знаат како да се справат со нив. „Во годината која што е зад нас успеавме да се сплотиме онаму каде што работите зависеа од нас и да ги подобриме. Она на што не можевме да влијаеме светската економска криза, финансиската криза на нашите соседи и се она што влијаеше и на нас”, рече Горан Петров, градоначалник на Велес. На свечена седница Општината ги сумираше резултатите во 2012-та година. Според Петров најголемиот страв за велешани најверојатно идната година ќе стане минато. Нема да се рестарита топилницата, уверува првиот човек на градот. Постапката за измена на деталниот урбанистички план ќе гарантира дека на таа локација повеќе нема да има фабрика, потенцира Петров. „Сметам дека и во време кога економската криза има голем замав, граѓаните на велес и покрај сите проблеми со кои се соочија со вработувањето одлучија топилницата повеќе да не проработи во градот”, рече Петров.Според Петров, општината и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти кои ќе го подобрат животот на велешани. Очекува дека и покрај сериозните проблеми, новите генерации својата иднина ќе ја гледаат во градот. Обраќањето на Градоначалникот Горан Петров, беше на 27.12.2012 год. (четврток) во салата “Бели мугри“. Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, на обраќањето беа старешината Ангелче Гушев, Златко Ристов и Ден Поликов волонтер на Мировниот корпус кои работи во нашиот одред.