Зелената коалиција поднесе жалба на решението на министерството за животна средина до второстепената владина комисија. Со ова решение министерсвото на Метрудхем му овозможи да ја продолжи постапката за рестартирање на Топилницата со тоа што ќе направи уште една оценка за влијанието на животната средина од работењето на фабриката. Според зелените постапката на министерството е нелогична затоа што на локацијата на Топилницата општината донесе измени во Генералниот урбанистички план и на неа не може да работи тешка индустрија.
„Сметаме дека министерството треба да разговара со Метрудхем за алтернативно решение за друга локација. Сметаме дека овој град им припаѓа на граѓаните на Велес и тие имаат потполно воправо да одлучуваат кој дел од градот ќе биде индустриска, а кој дел нема да биде индустриска зона, рече Ненад Коциќ, Зелена Коалиција. Зелените воочиле нелогичности кога ги споредиле првото и второто писмо со намери на Метрудхем. На прашањето дали постојат осетливи категории на луѓе кои би биле засегнати од работењето на фабриката, во првото писмо Метрудхем одговарил дека ќе има влиајние врз луѓето особено врз децата. Додека пак во второ писмо тие на истото прашање одговориле негативно. „Не знам како министерството толерира едни вакви апсурдни документи да се приложуваат во разлика од шест месеци и тотално да се променува ставот во она што е напишано во нив, рече Коциќ. Зелените порачуваат министерството да го прекине процесот додека второстепената владина комисија не се произнесе по нивната жалба. Во спротивно ќе се жалат пред Управниот суд. Како преставник од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, беше старешината на одредот Ангелче Гушев.
превземено од www.lisica.mk