Нова посета на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес од страна на тројца млади скаути од Кралството Велика Британија и тоа во состав Ричард Смит – Ухотски од Ридинг и Адам Литлбој и Џое Батлер од Слоут. Тие од 21 и 22 август се гости на извидниците од извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Нашите тројца нови пријатели скаути од Кралството со велес како центар на Македонија ја завршуваат повеќеднавната специјална задача – да ја запознаат и истражат нашата Република. Имаат задача да ги запознаат сите историски и културни знаменитости . Како најстара младинска организација во Македонија, споименатата патрола од Велика Британија искажа голем интерес за посета на нашиот град Велес и посета на извидничката организација од градот.
Гостите во целост ќе го запознаа градот Велес, историските знаменитости како што е црквата “Св.Пантелејмон“, куќата на Касапови, куќата на нашите сограѓани и преродбеници Васил Главинов, Кочо Рацин и ЈХК – Џинот и манастирот “Св. Димитрија“ и парклисот “Св. Петка“. Во вечерните часови нашите британски гости ги посетиа велешките пабови и се запознаа со ноќниот живот во Велес. Нашите гости кои доаѓаат од државата каде се роди и создаде скаутизмот, се доста изненадени од сето она што го видоа во велешката извидничака организација и се задоволни и изненадени од големата гостољубивост на нашите сограѓани и домаќини извидници. Во разговорите кои беа водени со старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, г-дин Ангелче Гушев, британските скаути се обврза и договорија посета на наши велешки извидници во Британија и обезбедување на помош во опрема од скаутите од Кралството Британија. Гостите од Велика Британија при посетата на нашиот одред имаа и можност да се запознаат и поразговараат со старешината на СИМ, г-дин Диме Велев. Сакајќи да се престави светското скаутско братсво и активностите кои се договорија помеѓу извидниците од Велес и Британските извидници, планирани се и гостувања на локална ТВ куќа, со што велешката јавност и дополнително ќе се запознае со сите заеднички активности кои што ќе се превземат во периодот кога единствениот градски извиднички одред ќе слави 60 години постоење на територијата на општина Велес и Република Македонија.