Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, по повод прославата на 60 години постоење на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија, зема учество со одредска делегација во состав: Влатко Влахчев, Златко Ристов, Ангел Радевски и Димитар Јорданов. Прославата со која се одбележи 60 роденденот на најстариот извиднички одред во Ниш се состоеше од два дела и тоа од промоција на монографијата на извидничкиот одредот “Мија Станимировиќ“ – “Нашите 60 години“ од авторот Слободан Тепавац и од СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА која се одржа во саботата на 27.10.2012 год. во театарот на куклите во Ниш.
За сите дополнителни пикантерии од овој прекрасен јубилеј на нашата фејзбук страна: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.247099688749332.59372.100003479079783&type=3