. . . на бивакување
Бивакувањето е форма на преноќување во природа. Во природата си подготвуваме засолниште со легло, подготвуваме храна и ја преноќеваме ноќта во природа. Искуствата што ги добиваме од бивакувањето се доста големи.
. . . на извиднички натпреварувања
Ние извидниците подготвуваме доста интересни натпревари. Таму се презентираат научените извиднички знаења. Патролите помеѓу себе се натпреваруваат во поставување на шатори, сигнализација, ориентација и топографија и голем број на полигонски активности.
. . . на логорување
Најубав дел од извидничкото лето е логорувањето. Да се поминат неколку денови на логорување во неоткриената природа во својот шатор е посебно доживување. Со живењето во природа ние учиме како да ја почитуваме природата и како да се грижиме за неа.