Конзервирање на Гемијата

На 10.1.2013 год. (четврток) членови на извршниот одбор на  здружението Вардарска регата “Гемиџии“ и членови на извидничкиот одред  “Димитар Влахов“,  извршија конзервирање и складирање на материјалот од  кои се  гради сплавот – Гемијата, средството кое ја дава правата вредност  на Вардарската регата. Со конзервирањето на материјалот од кои се гради  Гемијата се продолжува времето на нејзиното користење и постоење.Истиот уредно  е подготвен за изградба на Гемијата за овогодинешната регата. Целокупниот материјал е складиран и одложен во просториите на противпожарниот дом во Велес

              

 

 

                    

                    

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.