Како да се реши проблемот со невработеноста на младите? Зошто поголем дел од нив не ја гледаат својата иднина во државата? На овие прашање во општина Велес на 6.2.2012 год. (понеделник) под мотото „Профил ,проблеми и приоритети ” се одржа дебата. Младите рекоа дека сакаат нивниот глас да го слушнат надлежните. Од младинскиот образовен форум истажувале на овие теми. Резултатите покажале дека над една четвртина од младите ги мачи невработеноста, а над половината сакаат да на напуштат државата. Предложија формирање на Младински национален парламент. Негови членови можат да бидат сите.
„Да не бидеме стихијни ,да бидеме организирани. Да најдеме решение или платформа по која ние ќе работиме. Токму за тоа паметно е да се направи Младински национален парламент ,тело во кое ќе бидат изнесени проблемите и ќе можат да ги слушнат надлежните”, вели Сандра Анастасовска, Младински Образовен Форум. Од МОФ тврдат дека Општината може многу да направи за младите. „Општината може да им обезбеди повеќе информации. Да им обезбеди простор каде тие ќе имаат пристап до информациите. Програмите за младите да добијат приоритет и да се стави акцент на примена на стратегијата за млади”, вели Анстасовска. Проблемите на младите денеска ги слушнаа надлежните во локалната самоуправа. Велат дека младите имаат големо значење за нив. Затоа веќе има изработено локална стратегија. На денешната дебата учествуваа средношколци, студенти, вработени и невработени, неформални групи и здруженија. Организатори, освен Младинскиот Образовен Форум и Реактор, беа и 45 младински организации. На оваа дебата од извиднички одред “Димитар Влахов“ учество земаа десет извидници.
Превземено од www.lisica.mk