Монографија
Извидништвото во Велес 1953 – 2003
Извидништвото во Велес 1953 – 2003
Една француска изрека вели: Без документи нема иторија, а извидничкиот одред Димитар Влахов со петте децении постоење сосема е дел од историјата, па и ова дело е историја на извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес.
Поаѓајќи од тоа дека поголем дел од податоците во книгата се собрани по пат на усмени искази на постарите членови, како и од делумно зачувана одредска документација, можно е да се случи некои програмски активности ненамерно да се заборавени и пропуштени.
Но и покрај тоа сметам дека најзнчајно за извидничкиот одред Димитар Влахов е што сега создадовме опширен документ за постоењето и живеењето на одредот , кои подоцна може лесно да се надградува и дополнува.
Во ова дело ќе можете да пронајдете и податоци за Роберт Баден Пауел – основачот на скаутизмот, хронологија на големите светски скаутски настани и едукативни податоци за Светската организацијаа на скаутско движење – WOSAM, затоа што СИМ како национална извидничка организација припаѓа на светското скаутско семејство.
Монографијата Извидништвото во Велес 1953 – 2003 пред се е посветено на извидниците од извидничкиот одред Димитар Влахов на пријателите и поддржувачите на нашиот одред и извидничката организација во Македонија.

Автор: проф. Ангелче Гушев – Гуше
Соработници: Мирко Пешов, Кочо Јованов, Жико Пановски, Трајко Ѓорѓиев, Илија Чадиев, Тони Јошевски и Сухан Хасанов
Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”
Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов” – Велес
Прирачник
Ориентација во природа
Извидниците сме луѓе кои припаѓаме на најразлични старосни групи, а сите не поврзува љубовта кон природата. Членството во нашата организација е доброволно, но сепак ние мораме да живееме во согласност со правилата, кои сме ги прифатиле како свои. Извидникот ја сака природата, ги почитува луѓето, верен и е на татковината. Го развива пријателството меѓу луѓето и народите, ги почитува личните верски и политички убедувања. Тоа се начела, кои ја прикажуваат природата на извидничката организација. Целта на извидничката организација е сестраниот развој на младите луѓе во добри и корисни членови на нашето општество. При тоа, извидниците развиваат значајни позитивни карактеристики ( работливост, другарство, пожртвуваност…), љубов кон татковината, хуманост, љубов кон природата и чувство за нејзина заштита…
Програмата е прилагодена на целта, која извидничката организација сака да ја достигне, во старосната група на извидниците. Нагласок се става пред се на животот во природа. Начините, односно, методите на работа кои преовладуваат во организацијата се, учење низ игра, работа во мали групи, поттикнување на самостојна работа, лична иницијатива итн…
Извидник лесно може да стане секој, што ќе се вклучи во некој од одредите на СИМ . Мора редовно да ја плаќа членарината, да ја изведува програмата на организацијата, да живее во согласност со статутот и правилникот, да ги почитува извидничките закони и да се здобие со тримесечен приправнички стаж.
Извидничките натпреварувања од областа на ориентацијата и топографијата се едни од обележјата во педесет годишната историја на извидничката организација воВелес и Македонија. Немањето на потребна литература за ориетација и топографија, допринесе да оваа извидничка вештина полека ја губи правата вредност и од ден во ден да се губи од извидничката сцена во Македонија.
Со овој прирачник насловен како “Ориентација во природа” сакаме да ја вратиме правата вредност на натпреварите од областа на ориентацијата и топографијата. Сметаме дека овој прирачник ќе биде од корист на сите извидници кои постојано се во природа и се движат по непознат терен. Со информациите кои се содржани во овој прирачник извидниците ќе можат полесно да се ориентираат и да се движат во одредени насоки, а воедно и ќе стекнат нови сознанија од оваа област.
Прирачникот “Ориентација во природа” сметаме дека ќе иницира и голем број на повеќедневни летни и зимски топо-школи на кои што многу повеќе ќе се работи на совладувањето на знаењата од областа на ориентацијата и топографијата.
Автори: проф. Ангел Гушев – Гуше и Борис Јурага

Соработници: Леонардо Богески, Влатко Влахчев, Стефан Петровски и Влатко Наумовски
Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”
Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов” – Велес
Прирачник ПРЕДЛОГ – ПРОЕКТ
Прирачникот ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ како што велиме ќе ви се најде “при рака”, а воедно и ќе ви помогне при пишувањето на идните предлог проекти. Овој прирачник ги опфаќа и ги обединува основните за пишување на еден проект. Се обидов да во овој прирачник ги претставам сите последователни чекори до доаѓањето до пишана форма на еден проект, кои што по “дефиниција” претставува множество од логично распоредени активности за решавање на даден проблем или унапредување на одредена сотојба.
Најголем дел од материјалот во овој прирчник се искуства од моето десетготишно проектно работење и искуствата од проектните активности кои што ги реализираше ивидничкиот одред Димитар Влахов. Од стра-ните кои што следуваат ќе можете да ги видите и вред-ностите од податоците и информациите кои што се вте-мелени во овој прирачник. Морам да споменам дека овој прирачник е прв од ваков вид и во недостаток на слична литература истиот ќе најде свое место во секојдневниот работен материјал и библиотеките на здруженијата на граѓани.
На крајот сакам повторно да нагласам дека овој материјал е резултат на проектните активности на го-лем број на членови на извидничкиот одред од Велес кои што единствено можеше да се добие со волонтери-зам и голем ентузијазам.
И конечно за крај, верувам дека овој прирачник ќе биде поттик за создавање на уште многу прирачници кои што ќе овозможат развој и унапредување на граѓанските иницијативи и јакнење на граѓанските здруженија, а животот ќе покаже колку мојата намера е оправдана.

Прирачникот го подготви: проф. Ангелче Гушев – Гуше
Соработници: Златко Ристов и Горан Андоновски