Во село Орел, општина Св. Николе, извидничкиот одред “Гоце Делчев“ од Св.Николе после долгогодишно отсуство, организираше традиционален ориентационен натпревар под мотото “Извидништво за сите“ – Орел 2011. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата. Овој натпревар се одржа во периодот од 16 до 18 септември оваа година, а извидниците беа сместени во извидничкиот дом во истоименото село. Учество земаа извидници од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, ИПО “Јадран“, ИО “ММ-Брицо“, ИО “Илинден“ од Скопје и ИО “Скаут“ од куманово.Нашиот градски извиднички одред зема учество со една патрола во состав: Благој Ѓорчевски,Тоше Василевски, Виктор таневски и Стефан Алексовски, кои воедно го освои шестото место.Први беа извидниците од ИО “ММ-Брицо“ од Скопје, втори извидниците од ИО “Скаут“ од Куманово и третто место освоија извидниците од ИО “Илинден“ од Скопје. За време на оваа извидничка акција треба да се истакне дека заседаваше и Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија во полн состав.