На 17.8.2014 год. (недела) беше реализиран првиот велешки пливачки маратон ја на 2.5, 5 и 10 километри на кои учество земаа 37 учесници. Првиот Пливачки велешки маратон беше организиран од страна на ОО Црвен крст Велес – Безбедност на вода и Кајак клубот „Бабуна” од Велес, а под покровителство на Општина Велес и Пливачката федерација на Република Македонија. Тоа што маратонот се одржа на Езерото Младост дополнително е во прилог на промовирање на оваа локација во туристичко-рекреативна дестинација за вљубениците во сите спортови на вода но и за рекреативците и љубителите на природата. На оваа манифестација членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски, Слободанка Арсова земаа учество во организациониот дел на регатата со одредската пловна опрема во делот на маркирањето и контролата на стазата при пливањето на учесниците.