Беше член на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од 1960 година па до денес. Од 1964 година, Кочо Јованов во одредот во Велес ги има извршувано сите функции започнувајки од водник до началник на одредот. Покрај одредските функции во неколку мандати бил и член на Старешинството на СИМ, член на Управниот одбор на извидничкиот центар во Охрид. Кочо Јованов беше еден од петте најдобри началници кои што го воделе одредот од период 1952 до 2016 година. Кочо имаше учествувано на голем број на логорувања, извиднички акции, смотри како од републички карактер така и на активности во поранешна Југославија. Во 1972 година Кочо ја предводеше одредската екипа која ш то го освои првото место на Југословенскиот Извиднички Партизански Повекебој во Загреб на Сљеме. Со своите активности можеме слободно да кажеме дека Кочо е еден од петте најсветли ликови на извидничката организација во Велес, а секогаш беше подготвен за помош на младите во планирањето на активностите и нивното реализирање . Долги години Кочо беше присутен и во организирањето и реализација на Вардарската регата “Гемиџии“. Нема зборови со кои ќе се опише работата на нашиот драг извидник брат скаут Кочо Јованов. Почивај во мир и нека ти е вечна слава.