Мрежата за рурален развој на РМ (МРР на РМ) во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за развој на Вардарски плански регион, е во фаза на спроведување серија информативни форуми за пристапот LEADER во Република Македонија. Целта на форумите е информирање на заинтересираните страни од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор за пристапот LEADER, како метод за иницирање и мобилизирање на руралното население за спроведување на активности во локалните рурални заедници и како дел од идните мерки на програмата ИПАРД. Информативниот форум се одржa на 1.11.11 (вторник) во просториите на општина Велес. На форумот од стран ана извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учество зема Мартин Јошевски.