Велешани на нозе, обединети сите заедно граѓаните се борат за здрава животна средина. Метрудхем несмее да го рестартира комбинатот. Пораката од центарот на градот ја испрати градоначалникот Горан Петров. „Велешани битката за здрава животна средина ја водат во име на идните генерации.Оваа битка мора да ја добиеме оти доста е Велес да биде еколшки загадуван.Ова што вечерва му се случува на Велес е битка за здрава животна средина во цела Македонија”, рече градоначалникот Горан Петров. Единството кое вечерва го покажаа еколошки напатените велешани е потврда дека здравјето нема цена а инвестицијата на Метрудхем непожелна.
„Свртете се околу вас и ќе видите загрижени лица, тоа е показател дека велешани се загрижени од можно ново загадување, нас не ни треба Топилница”, „Колку луѓе умреа од таа Топилница, не ни е потребна, се снајдоа и некогашните работници, еве видете и тие се тука мегу сите нас”,
„На Велес не му треба сериски убиец, велешани треба да го убијат серискиот убиец, ние сите вечерва тоа и го правиме, со тоа што сме испаднати на протест ние казуваме Не за Топилница”,
„Не лаже Зелаената коалиција, лажат тие кога викаат дека ако работат нема да загадуваат, доста ни се лаги”, велат случајно анкетираните велешани. Изминувајки го секој чекор велешани се присетуваа на минатото кога црните облаци од топилничките оџаци беа нивно секојдневие. Болестите кај најмладие енермно зголемени а загадувачот се фалеше со натфрлените норми.
„Секое утро магла, сонце немаше над Велес, се беше тоа од Топилницата”
„Се излеало нешто помор на риби во реката Вардар, се испуштило нешто во воздухот ајде некоја птица ќе умре, е доста е де, нека најдат друга дејност за профит, мора ли олово да се топи”, велат велешани.
Борбата за здрава животна средина ќе биде долга и тешка. Вечерашниов протест е само почеток од утре следи институционалната борба. „Вечерва протести од утре нова битка преку институциите оти само така можеме да бидеме спокојни дека велешани нема повторно да бидат изложени на зголемени концентарции на олово, цинк и кадмиум во водата, воздухот и почвата”, рече пратеникот, Илија Димовски.
„Јас се ставам на располагање на велешани, се што можам да помогнам ќе сторам на Велес да не му се повтори минатото”, рече пратеникот Марјанчо Николов.
Сто минути им требаше на 10 те илјади велешани да стигнат до капијата на Топилницата. Таму велешани се соочија си тивкиот убиец. Запалена свеќа, цвеке и топка тоа е пораката од младите. Организаторите пак ги повторија уште еднаш трите барања, да не се дозволи рестарт на Топилницата, да се исчисти теренот каде еизграден погонот металургија но и да се пренамени земјиштето за развој на мали и средни претпријатија и итна дислокација на троската и започнување на деконтаминацијата на почвата. Ова е трет еколошки протест во последните осум години.Според масовноста е најголем. Тоа пак ја одсликува желбата на сите велешани за живот во здрава животна средина наспроти економскиот профит на една фирма.
превземено од www.lisica.mk