Извршниот одбор на здружението Вардарска регата “Гемиџии“ додели Благодарница на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес за посебен придонес во орагнизирањето на Вардарската регата “Гемиџии 2013“. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како организација во целост се вклучи со десет извидници во планирањето и реализирањето на овогодинештата регата. Извидниците од Велес беа задолжени за сместување и исхраната на сите учесници на регатата, а додека пак старешина на одредот Ангелче Гушев, го водеше во целост пловниот дел на регатата (сплав, пловни објекти, безбедност на вода, посади). На оваа регата извидниците од Велес се појавија со нов пловен објект – гумен чамец кои беше набавен во рамките на проект Messengers for Peaces. Како гости на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес на регатата Гемиџии, беа преставници од Батаљонот на Воената полиција при ГШ на АРМ. Со вклучувањето во програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“, извидниците од Велес успеаа да ја осовременат програмата со активности на вода.