На 9 февруари 2013 год. (сабота) во просториите на извиднички одред “Димитар Влахов“ во Велес, се одржа средба со преставниците на Данските скаути, господата Ханс Хенрик Хамерун и Мајкл Гри. На оваа средба учество зема старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, Ангелче Гушев и Генералниот секретар на СИМ Горан Горгиев, на којашто беше разгледана понатамошната соработа со Данските скаути во делот на обуката на кадрите во Македонија. Беше утврдена нацрт-агенда за периодот 2013 – 2015 која што се однесува исклучително на обука на кадри. За 2014 година беше договорено организирање на Школа за водачи на патроли до 20 години возраст, а на кои што учество ќе земат дански и македонски извидници – водачи. Додека пак за 2015 година договорено е организирање на тренинзи за постари водачи, а тоа се однесува на обука на старешините и началниците на одредите во Македонија. На овие обуки исто така учество ќе земат возрасни водачи од Данска. Целокупната обука ке се организира во Македонија со поддршка на Данските скаути, а раководена од Ангелче Гушев како инструктор во СИМ од втор степен (втор вудбеџ). Данските скаути во рамките на посетата на Македонија, во Скопје имаа и работна средба со Старешината на СИМ, г-дин Огнен Стефановски.