Ми претставува посебна чест, искрено, да Ви го честитам Светскиот Ден на скаутите ! Човекот, Баден Пауел со својата визија не вовел во река на вредности кои секојдневно се составен дел од нас, тој работел и промовирал – искреност, љубов, мир, толеранција, мудрсот, разбирање, посветеност, волонтеризам, едноставно успеал да не задолжи, нас сегашните генерации, со неговото наследство за иднината. Неговата мисија на организиран живот за младите, за децата заснован на забава, рекреација, воспитување, едукација, не носи до боженствената улога да се биде вложувач и градител на светската иднина на мир, разбирање и дијалог. Сер Пауел, во својот постамент вградил, а потоа ги пренел извидничките закони, принципи и метод за работа кои, всушност се универзални. Неговата мисија за хуманист, човечност за посветност кон другиот и сопствената верба и самодоверба, успеала од обичен маж го запише во великан кој нам треба да ни претсавува пример, дека не постои проблем и предизвик со кој не може да се соочиме и е без решение. Искрено, верувам дека извидништвото во Република Македонија, конечно ке успее да ги практикува вредностите, без исклучок, верувам во тоа дека секој од нас промените ке ги заснова на светските скаутски принципи, но искрено и целосно. Убеден сум и се уште верувам дека Сојузот на извидници на Македонија ке стане целосно Дом на сите извидници, дека интеграцијата, обединувањето, храброста, чесноста, пријателството, соработката, а пред се мудроста ке ни станат предност!
Нај искрено на секој од Вас Ви посакувам добро здравје, срека, радости, љубов, толенранција и разбирање, Ви посакувам успеси и во приватниот, службениот и извидничкиот живот. Како дел од генерацијата која е должна да Ви нуди интеграција, се уште верувам дека СИМ ке остане најмасовната и најдобрата младинска органзиација… Сакам да Бидете подготвени за срека, радост, работа, љубов, натпоревари, учење, …. БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ!
Диме Велев
Старешина на Сојуз на извидници на Македонија