Издаваштво

 
ТВ Репортажа (на македонски јазик)
“РОБЕРТ БАДЕН ПАУЕЛ – ОСНОВАЧ НА СВЕТСКИОТ СКАУТИЗАМ”

Во декември 1999 година извидничкиот одред “Димитар Влахов” во соработка со локалната ТВ Канал 21 ја изработи ТВ репортажа за Роберт Баден Пауел. Во истата се користени оригинални материјали од животот и делот на основачот.
Екипата која што ја изработи репортажата беше во состав:
– сценарио: Проф. Ангелче Гушев – Гуше
– монтажа: Дејан Ѓорѓиев
– превод од англиски јазик: Никола Солев и Панче Папазовски
– текстот го читаше: Жаклина Ѓошевска
– реализација и продукција: ТВ Канал 21
Со ТВ Канал 21 нашиот одред има и реализирано и голем број на едукативни спотови кои што беа вклучени во проектните активности на одредот.
 

 
Брошура
“ПРОЕКТ – ИНИЦИРАЊЕ НА ЛЕАП ЗА ОПШТИНА ЧАШКА”

Во оваа брошура се претставени целокупните резултати од работењето на споменатиот проект кои што е финасиран од страна на ИТЗ.
Брошурата е составена од:
– целите на проектот
– за загадувањето во општината Чашка и реката Тополка
– Граѓанскиот комитет на проектот
– општо за загадувањето и отпадот
– историјатот на нашиот одред
– биографија на ЕД “Роса” од населба Чашка 
 

 
 
Брошура
“ПРОЕКТ – ИЗВИДНИЦИТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ
ДО ЗДРАВА И ЧИСТА СРЕДИНА”

Во оваа брошура се претставени целокупните аналитички резултати од работењето во меиумската кампања кои што е финасирана од страна на РЕЦ.
Брошурата е составена од:
– општ вовед на активностите во проектот
– за нашиот одред
– партнерите во проектот
– анализа на анкетата во проектот
– летоците во проектот
– постерот во проектот
– пристапница на ИО “Димитар Влахов”
 

 

Едукативна брошура
“ПРИКАЗНИ ЗА ЕНЕРГИЈАТА”

Оваа брошура е составена од два дела.
Првиот дел ги обработува приказните наменети за заштеда на енергијата и тоа преку практични совети и искуства кои што се насочени кон заштедата на енергијата и тоа преку:
– полнењето на испразнетите батерии и нивно рециклурање;
– користењето на светилката
– користењето на топлата вода
– коритењето на автомобилот
– штедењето на топлината во работните простории
– коритењето на фрижидерот и разладните уреди
– користењето на електиричните уреди
– користењето на водата
– функцијата на славината и тушот
Во продолжение на оваа брошура на читателите им се прикажани се алтернативните извори на енергија.
Брошурата “Приказни за енергијата” е наменета за деца на возраст од 6 до 10 години.
Едукативната брошура “Приказни за енергијата!” е финансирана од страна на Регионалниот Еколошки Центар.
 
Брошурата ја подготви: проф. Ангелче Гушев – Гуше

Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”

 
Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов”
 
Следна >>>                                                                                                            <<< Претходна