На 10.1.2013 год. (четврток) членови на извршниот одбор на здружението Вардарска регата “Гемиџии“ и членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, извршија конзервирање и складирање на материјалот од кои се гради сплавот – Гемијата, средството кое ја дава правата вредност на Вардарската регата. Со конзервирањето на материјалот од кои се гради Гемијата се продолжува времето на нејзиното користење и постоење.Истиот уредно е подготвен за изградба на Гемијата за овогодинешната регата. Целокупниот материјал е складиран и одложен во просториите на противпожарниот дом во Велес