Вонредно Собрание на СИМ

Во Дом на Градежници во Скопје (Голема сала), на 28.10.2012 год.(недела) со почеток 12 часот се одржа вонредно Собрание на Сојуз на извидници на Македонија. Како и секое Собрание и ова имаше процедурален дел со отварање на Собранието, воведен збор и избор на работни тела на Собранието (работно претседателство, статутарна комисија, верификациона комисијаи изборна комисија. На Собранието учествуваа 26 делегати од 38. Со мали забелешки беше усвоен и деловникот за работа на Собранието. Во работен дел на Собранието едногласно беше константирана отставката на досегаѓниот старешината на СИМ, г-дин Диме Велев. Потоа се премина на  избор на старешина со мандат до редовното годишно собрание. Собранието го избра Огнен Стефановки.Потоа собранието ги верификуваше мандатите на новите членови на старешинството на СИМ. Собранието распиша конкурс за  нов старешина на СИМ и конкурс за дополнување на испразнето место за член на Надзорен одбор на СИМ. Едногласно беа прифатени годишен извештај за работата на СИМ во 2011 година и извештајот од Надзорниот одбор. Собранието  едногласн ги верифицираше измните на Статутот на СИМ. Со тоа беше исцрпен дневниот ред и беше затворено на Собранието. Делегацијата на ова Собрание на СИМ од страна на извиднички одрд “Димитар Влахов“ – Велес беше во состав; Ангелече Гушев, Диме Велев и Мартин Јошевски.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.